“МАКЕДОНСКИ КОД“ И “ВЕЧНА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА“

ЉУБИТЕЛИ НА ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА „СВ. ВИСАРИОН“ ДЕМИР ХИСАР“ денес, Четврток 22. октомври во 12:00 часот, во соработка со Библиотека Кочо Рацин- Кичево По повод 23 Октомври Ден на Македонската револуционерна борба и формирање на ВМРО во Библиотеката Кочо Рацин организира промоција на делата МАКЕДОНСКИ КОД од Ванѓелко Лозаноски и научното дело “Вечна светлина над Македонија“ од Гордана Димовска. Овие дела наидоја на одличен прием кај посетителите и организаторите - домаќини на оваа промоција.
Извадоци од книгата Вечна светлина над Македонија читаа: Олга Ширговска, Марија Никодиноска и Ели Кико Поповска.

Comments