ПРОМОВИРАНА КНИГАТА КОПНЕЖ И НАДЕЖ ОД КРСТЕ НАУМОВСКИ - МЕЧКАР

На 5 декември  во Bаnyule Тheatre во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, се одржа промоција на стихозбирката Копнеж и надеж од истакнатиот македонски поет и активист, Крсте Наумовски Мечкар.
Промоцијата ја отвори Генералниот конзул на Република Македонија во Австралија, Г-ѓата, Бети Коруновска. Водител на промоцијата и рецитатор беше Виолета Јовановска. Најмладиот учесник - рецитатор, Шаана Јовановска ја прочита првата песна за деца која Крсте ја напишал во 1957 година, насловена како “Дедо Медо“. Потоа дел од поемите читаше и Марија Коцева. Промотор на книгата беше професорот Бранко Наумовски кој даде критика и подетално се осврна на содржината, тематиката на поемите во Копнеж и надеж.

Во текот на промоцијата беа изведени и неколку песни од познатите пејачи Фазли Луик и Климе Ангелоски чии песни се напишани токму од Крсте Наумовски.
Говорители беа: Професорот Тоде Новачевски, долгогодишен соработник на Крсте Наумовски, поетот Миле Георгиев, Васко Ангеловски од Охридското социјално друштво Св Наум Охридски и секако авторот Крсте Наумовски кој емотивно го започна својот говор, прочита неколку од своите песни, им се заблагодари на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија за финансиската поддршка во издавањето на книгата. Им заблагодари на учесниците во програмата, на спонзорите на промоцијата и сите кои на свој начин помогнаа во нејзиното организирање.
Културен настан на кој поезијата докажува дека може да разбранува многу чувства кај посетителите а тие го искажаа своето задоволство преку громогласните долготрајни аплаузи.
Честитки за успешната промоција и многу успеси во натамошното литературно творење на авторот Крсте Наумовски - Мечкар.





On the 5th of December at Banyule Theatre Hawtorn, Krste Naumovski - Meckar launched his new poetry book Longing and hope. 

Macedonian timeline


Comments