Thursday, December 24, 2015

МИСИРКОВИ ДЕНОВИ



Денес 23 декември -во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“Демир Хисар во рамките на“ Мисиркови денови“ се одржа предавањето „Погледите за македонскиот јазик во виорите на илинденската епопеја“ поднесе д-р -професор Менде Солунчески, афирмирање на македонскиот јазик во научната мисла во светот, преку делата на Гордана Димовска и Милица Паулус - инспирирани од погледите на Мисирков за македонскиот јазик-зборуваше проф, Ванѓелко Лозаноски
Поетско читање на поети од Литературните дружини на СОУ-„Крсте Мисирков“ и ОУ Гоце Делчев’ Демир Хисар. Настапија поети од Македонски Брод и ЛК „Висарион “ и ЛК „Изгрев“ организатор на оваа манифестација е Љубители на литература, култура и наука-Св. Висарион и Соу „Kрсте Mисирков“-Демир Хисар.

Посетата на манастирот „СВЕТИ ЈОВАН ПРЕТЕЧА“ беше можност да се согледаат неговите уметнички вредности и да се слушне за работата на Слепченскиот книжевен центар и делата на книжевникот Бисарион. Благодарение на пејачот , поет и уметник Ацо Тришоски овој настан со слики се овековечи

Од поетесите настапија Соња Змејкоска, Елизабета Станкоска, и писателите Бојан Бежоски, Стојанче Колески и Златко Бошески и поети ученици


Македонскиот јазик во рамките на светските јазици
Благодарение на делото „ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“ од Крсте Мисирков, низ светот македонските научници и просветители  го шират Македонскиот јазик  во рамките  на соѕвездието  на јазично небо во светските јазици. Гордана Димовска и Милица Паулус, успешно преку своите дела и заложби, преку нивните, новинарски и научни записи чекорат по патеките на големиот Мисирков и го осветлуваат македонскиот јазик во Австралија и Германија
 Дел од излагањето на Солунчевски:
ДАМЕ ГРУЕВ ВОДАЧОТ НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И КРСТЕ МИСИРКОВ ПОБОРНИК ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК-ОТВОРИЈА НОВА ЕПОХА ЗА МАКЕДНСКАТА БОРБА И ДУХОВНА - ЈАЗИЧНА РЕВОЛУЦИЈА
Придонес на Дамјан Груев во развој на мајчиниот јазик во Илинденската епопеја.
Илинденската епопеја ги сплоти македонските борци и духовно, културни  и јазични поборници за македонските национални идеали

Од краткиот преглед на настаните може да се заклучи дека една личност посебно ги поврзува настаните во Демир Хисар, но и во Македонија. во оваа илинденска епопеја. Тоа е Дамјан Груев.

Дамјан Груев е една од најмаркантните личности-синови на Македонија на 20 век. Почитуван учител, непоколеблив револуционер, харизматичен водач, генијален воен стратег, тој е мозокот на Илинденското востание. Но и борец за зачувување и развој на мајчиниот јазик. Тој е репрезент на оваа борба на Демир Хисар и демирхисарскиот народ. 
Дамјан Груев и Крсте П. Мисирков.
Но поврзаноста на Дамјан и Крсте е и физичка преку неколку средби во периодот на првата половина на 1903 година непосредно пред востанието. Имено во 1903 година Крсте Мисирков го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Александар Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата. Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. Турските власти во август 1903 година исценирале убиство над него и Мисирков повторно морал да замине во Русија. Тој заминал со мртвото тело на конзулот
Во овој период има информации за контакти и средби меѓу Крсте Мисисрков и Дамјан Груев. Меѓу темите на нивниот интерес биле револуционерната борба и самобитноста на македонскиот јазик како основен белег на македонсиот народ и држава.
Во 1903 година во Софија Крсте Мисисрков ја издаде својата книга „За Македонските работи“. Во книгата тој смета дека Илинденското востание и покрај неуспехот придонесе за самоспознавање на Македонскиот народ.
Во оваа книга: националното обединување и создавање на литературен македонски јазик се најважните пораки на Крсте П. Мисирков. Ослободување на македонскиот народ од вековното турско ропство и формирање на сопствена држава е визијата на Дамјан Груев.
Јазикот е основниот белег на секоја држава, а од тука и на Македонската држава. Затоа борбата за слобода и создавање на сопствена држава е нераскинлива со борбаата за создавање на македонскиот литературен јазик.
Затоа можеме да потенцираме: Двата великани на свој начин придонесуваат за развој на македонскиот јазик: едниот преку револуционерната борба другиот преку пушаниот збор. Даме Груев, ја возвиши македонската револуција,со јасни свети национални идеи за слободна независна Македонија. А  Крсте Мисирков, македонскиот јазик го врами во словенскита група јазици и во рамките на светските јазици.

Д-р, професор Менде Солунчевски


Мacedonian timeline

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...