Monday, February 1, 2016

Објавени наградите од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2015 година


Минатиот понеделник, Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2015 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. За сите категории на конкурсот
пристигнаа 54 дела од кои се избраа следните дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди:

Најдобра поетска творба на годината за возрасни:
1- ва награда: Рожба, шифра „Рожба“, од Љубица Поповска од Мелбурн
2- ра награда: Куќа моја стара, шифра „Оџак од Наум Трајчевски од Квинбијан
3- та награда: Во Ма, шифра „Ма-ја“

 Најдобра поетска творба на годината за деца:
1-ва награда: Букви, шифра „Пролет“ од Гордана Димовска од Мелбурн
2- ра награда: Копнеж за грутката своја, шифра „Во мојата лулка од Гроздан Јовановски од Њукастел
3- та награда: Книга, шифра „Велес“ од Емилија Жупаноска од Волонгонг

Најдобар расказ на годината за возрасни:
1-ва награда: Две солзи, шифра „Пролет“, од Гордана Димовска од Мелбурн
2-ра награда: Вистина, шифра „Вистина“ од Љубица Поповска од Мелбурн
3-та награда: Калина, шифра „Пролет“ од Гордана Димовска од Мелбурн

Најдобар расказ на годината за деца:
1-ва награда: Последното доживување на еден грозд, шифра „АРТ“, од Марија Александрова од Сиднеј
2-ра награда: Подарок, шифра „Пролет“ од Гордана Димовска од Мелбурн

Од Извршниот одбор на
Литературното друштво „Григор Прличев“

Најдобра поетска творба на годината за возрасни:

РОЖБА

Чекав пред
вратите на сништата
И шепотот
на пролетната песна
Да те имам тебе
Да се имам себе
Како блажена
жед.
Како трепет
на цвет.
Сновалките на
соништата,
те ткаеле тебе
со звездените ветрови
во моите очи.
Благословена од
срцето на ветрот
се појави Ти.
Како заробеник
на мојата љубов.
Како
божествен
дар.
И стана стварност.
Утрото да биде
моја песна.
Денот-
мој божилак.
Желбата
стварност.

Шифра „Рожба“ – од Љубица Поповска

Најдобра поетска творба на годината за деца:

БУКВИ

Дедо ми кажува приказни стари
Баба ме учи за жаби и бубамари
И мама и тато ми зборуваат често
А јас се нешто барам, не ме држи место.

И најдов, читанки, буквари стари
На полица стојат, никој не ги чита.
Букви убави стројни
Се преместуваат од место до место
Голема буква, мала буква,
Точка, запирка, прашалници, извичници
Ред по ред умот да ти штукне.

А тато вели, кирилица е тоа сине,
Свето писмо создадено да трае.
Кој ќе научи нема да се кае.
Цртам и пишувам букви в час
Ете, научив македонски да зборувам и јас.


Шифра „Пролет“-  од Гордана Димовска 

Со почит
Извршниот одбор:
Macedonian Literary Association“Grigor Prlichev”
Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“
 P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216
  INC: 9885424
ABN: 64751353521                                                                                                         
                                                                   

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...