РОЖБА

На традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2015 година,во категоријата Најдобра поетска творба на годината за возрасни мојата поема РОЖБА ја доби првата награда.

Чекав пред
вратите на сништата
И шепотот на
пролетната песна
Да те имам тебе
Да се имам себе
Како блажена
жед.
Како трепет
на цвет.
Сновалките на
сништата
те ткаеја тебе
со ѕвездените ветрови
во моите
очи.

Благословена од
срцето на ветрот
се појави Ти.
Како заробеник
на мојата љубов.
Како
божествен
дар.
И стана
стварност.
Утрото да биде
моја песна.
Денот
мој божилак.
Автор: Љубица Поповска
The poem "Child" by Ljubica Popovska, won the first prize on the Literary competition Prlicev award 2015, organized by Literary Association Grigor Prlicev NSW. 

Comments