ВО ТВ МОРИС-ОХРИД прво претставување пред јавноста на романот „Eдинствена моја љубена ќе те пронајдам и на крајот од светот од Ванѓелко Лозаноски и романот „ Не се родив под среќна ѕвезда-верував“ од писателката-поетеса Соња Змејкоска


.„...Кога би прочитале случајно отворена страница, самите настани ќе ве повлечат да го читате од почеток до крај, во еден здив, со многу голема возбуда. Содржината на романот поседува сопствена магичност, што ќе посакате повторно и повторно да се навраќате на бројните сцени кои длабоко допираат до срцето на вистинскиот читател. Едноставно го доживувате толку топло и пријатно, а во себе ги чувствувате жедта и копнежите по љубовта, по вашата љубов, но и вербата и голема поука како да се борите и изборите со тешките-непредвидливи ситуации кои ги носи животот .
Покрај надежи и копнежи, романот носи и ведрина и светлина, која ги разубавува деновите токму тогаш кога Вам ви изгледаат безнадежни, потенцира Соња Змејкоска.


Во текот на ТВ ЕМСИЈАТА, стана збор  и за прозата и поезијата на Соња Змејковска, за романот„ НЕ СЕ РОДИВ ПОД СРЕЌНА ЅВЕЗДА-ВЕРУВАВ“
Нека одат сите по ѓаволите! Здосадено ми е од куп негативци околу мене, штетници кои насекаде ја истураат својата негативна енергија навлегуваќи длабоко во порите на туѓата кожа, одтука во капиларите, вените, артериите, лимфните и сите други битни садови на човековото тело, квалитетно труејќи го со своите смрдливости и не давајќи ни пет пари за туѓата состојба после нивната квалитетна доза отров
   Во самата емисија стана збор во Македонија во библиотеките да има поголема предност книгите од  македонски автори.


И се посвети внимание на нашаите соработници од дијаспората на  Гордана Димовска, од Австралија  и Милица Паулус,од Германија кои успешно и со љубов за Македонија. соработуваат за македонската поезија и наука.


Comments