Subscribe:

Labels

Friday, March 11, 2016

ФОРМИРАНО ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „КОЧО РАЦИН”, МЕЛБУРН

На состанокот одржан во просториите на библиотеката во Mill Park, се оформи новото литературно друштво “Кочо Рацин“, Мелбурн. Тоа беше заедничката желба на иницијаторите, писатели и поети кои долги години се активни во Македонската заедница во Викторија и издаваат свои дела. Нивната мисија и цели ќе бидат спроведувани преку низа активности и ќе бидат насочени кон поттикнување на писателите од македонско потекло да творат на и збогатуваат фондот со книги на Македонски јазик, создавање на литературен модел кој ќе овозможи делата да бидат промовирани пред поширока публика насекаде во светот како и поголема афирмација на македонскиот јазик во Австралија.
Литературното друштво изготви програма за активности кои ќе ги преземе оваа година а ќе се започне со организирање на награден литературен конкурс и Саем на книги од наши автори.
Управниот одбор го сочинуваат: претседател, Гордана Димовска, потпретседател,  Нове Младеновски, секретар, Виолета Јовановска, благајник Стеван Ацески и редовни членови – иницијатори, Крсте Наумовски – Мечкар, Љубица Поповска, Вера Горгиевска, Пеце Јовановски, Марија Коцева.
Сите заинтересираните љубители на македонскиот збор и литература можат да се зачленат и да придонесат во постигнувањето на мисијата на литературното друштво.

Контакт броеви: Гордана Димовска - 0423 496 821, Виолета 0402 757 374, Нове 0488 001 946

New Literary Association  "Koco Racin" has been established in Melbourne
A new Macedonian literary Association "Koco Racin",  has been established in Melbourne. It was the common desire of the initiators, writers and poets, active members in the Macedonian community in Victoria.  Their mission and objectives will be implemented through a series of activities thus will be directed towards encouraging writers of Macedonian origin to write and publish their literary work. The Association will work on  creating a literary model that will work well on book promotions  to a wider audience worldwide and greater affirmation of the Macedonian language in Australia.
Literary Society prepared a program of activities that will take place this year and will begin organizing literary competition and book fair.
Committee of Management: President, Gordana Dimovska, Vice president - Nove Mladenovski, Secretary Violeta Jovanovska treasurer Stevan Aceski,  Committee members - initiators, Krste Naumovski – Mechkar, Ljubica Popovska, Vera Gjorgievska,  Pece Jovanovski, Maria Koceva.
Everyone is welcomed to join our Association by contacting one of the following contact numbers:
Contact numbers: Gordana - 0423 496 821, Violeta - 0402 757 374, Nove -  0488 001 946




No comments:

Post a Comment