Subscribe:

Labels

Monday, March 28, 2016

МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ВО СВЕТОТ

На 16 март, во просториите на угледниот Melbourne Recital Centre се одржа едночасовен концерт насловен Локални херои - Писма од туѓина,  (Local heroes - Letters from abroad). Вокалистките Ања Акер и Кирсти Moрфет (Anja Acker & Kirsty Morphett) настапија со песни од Србија, Турција, Грција, Бугарија, Естонија, Македонија. Беа придружувани од професионални музичари, тапанарот Matthew Horsley, басистот, Andrew Tanner, Michael O’Connor на флејта, Donald Nicolson на харфа кои ја воведоа публиката во прекрасниот свет на традиционалната народна музика.
Ања и Златна исполнија неколку македонски песни меѓу кои Македонско девојче, Милице. Песната Јано мори беше изведена на пијано, хармоника и флејта и предизвика посебно внимание кај публиката која најдолго аплаудираше токму на оваа песна.
На крајот задоволната публика со громогласни и долги аплаузи ги поздрави учесниците и ги врати повторно на сцена.
Вокалистката Ања изјави: Многу ја сакам македонската песна и сметам дека е една од најубавите во светот.
Нивниот следен настап во кој повторно ќе вклучат македонски песни ќе биде на 3-ти август со почеток во 6 часот во Melbourne Recital Centre. 

No comments:

Post a Comment