Subscribe:

Labels

Sunday, March 6, 2016

ВИСТИНА

...И набројуваа и понатаму. Анабел слуша и само слуша.
"Еј,еј,доста со тие глупости ваши"-се јави дедо што седеше под дрвото во дворот.
"Има поголеми вистини од вашите вистини.Ех,внуче мило,сеуште си мало да ги слушнеш и сватиш.Можеби после повеќе години,кога ќе одрастиш и учиш за повеќе работи,можеби ќе ја дознаеш и вистината за нашата Македонија.Не знам дали до тогаш ќе бидам јас жив."-и почна како сам на себе да си кажува."
"Од каде да почнам; од Македонија библиска земја, Александар
Македонски...Егеј,Пирин,Вардар,Шара,Пелистер,моето родно село и сето минато и спомени таму закопани. А растат и таму нови млади фиданчиња како тебе..."
Полека,полека зборувањето му се претвори во шепот како сам на себе да си ја кажуваше Вистината за Македонија.
 ......................................................

Дел од второнаградениот расказ на литературниот конкурс Прличева награда 2015 на литературното друштво Григор Прличев - Сиднеј

Автор: Љубица Поповска

Part of the short story "The truth"- By Ljubica Popovska
Received second prize on the traditional Prlicev literary competiton 2015, in category best short story for adults.

No comments:

Post a Comment