Friday, March 11, 2016

МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС

23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како Светски ден на книгата и авторските права.
Здружението за наука култура и литература „Златно перо“- Битола распишува Меѓународен награден конкурс за најубава песна,по повод 23 април меѓународниот ден на книгата и авторското право.Темата е слободна,секој учесник има право на 3 песни сместени во три страни А-5 формат .Ракописите да се испратат по- meil:
naumovskaolga@yahoo.com во Times New Roman, font 12 со кирилична поддршка.
Уплатата се врши на тр.см.
Наумовска Олга
Стопанска Банка АД -Скопје
тран.см.200001743138589
Секој учесник плаќа 700 ден.при што добива по 5 книги од Меѓународната антологија.Конкурсот трае од 12.02.2016год. до 20.03 2016год.Уплатата се врши од 20.03 -31.03.
Промоција на книгата како и доделување на наградите на 23.04,со дополнителна најава.Учесниците од останатите земји пишуваат на својот мајчин јазик доколку земат учество, а преводот е на сметка на здружението „Златно перо“-Битола
Сите пристигнати творби ќе ги објавиме во заедничка антологија,,Симфонија на срцето 2
Драги автори со среќа...нашата македонска поезија побогата со уште една антологија ...„СИМФОНИЈА НА СРЦЕТО 2 “Првите три најдобри ќе ја освојат наградата ,,ЗЛАТНО ПЕРО“

Олга Наумовска
Здружението за наука култура и литература „Златно перо“- Битола 

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...