Subscribe:

Labels

Monday, March 7, 2016

БОЖИЦА

И реките течат како што времето одминува тивко
И ги забележува  сите тајни на човековото срце
И планините се раззеленуваат и мамат со својата убавина
И сонцето ги простира своите топли зраци
А ти жено Божица на убавината
Со насмевка на Мона Лиза
Пленуваш со својата убавина каде и да се појавиш.

Твојата насмевка некој треба да знае да ја види
Затоа што колку брзо се појавува,
Толку брзо може и да исчезне затоа што се грижи
Се грижи за некој свој, за брат, татко, мајка или сестра

Ти си жена со челично срце
И толку силна да ги поместиш планините во сечие срце
Лицето ти  е одраз на мудрост
Зрачи како сонце  и кога најтешко ти е
Зборовите твои лечат туѓи рани
Со твоите раце прегрнуваш и грееш сечија душа

И кога си повредена и тажна
И тогаш си најсилна жена.

Твојата голема љубов, верба и грижа
Се инспирација за живот
Твоето место и улога е голема во светот

Ти Божице на убавината !

Поема “Божица“ 
Автор: Гордана Димовска


Poem - "Goddess" by Gordana Dimovska
Dedicated to all women in the world

No comments:

Post a Comment