ОСТАНИ МАЈКО НА НОЗЕ

Не им се знае мајко
бројот на раните твои,
раните од острите ножеви
во телото твое забодени.
Лузна до лузна мајко
која од која поголема,
уште старите не ти зацелиле
некој нови рани ти отвора.
Знаеме мајко страдална
која рана ти е најголема,
не те боли толку од туѓото
колку од твоето, роденото.
Од твоите рани мајко
нам солзите ни се крвави
да не не стигне клетвата
та да не оставиш сирачиња.

Остани мајко на нозе
и не ведни глава нажалена
лекот го имаме за тебе,
силно да те прегрнеме.
И ако треба Македонијо,
ножот во нас нека го заријат
наместо со него на гробот
друго име да ти изрежат.
И ова премреже ќе помине
и уште едно искушение,
та нели сме земја библиска
под божја милост и закрила.
Автор: Розита Христовска
27.4.2016
Rozita Hristovska Facebook link: https://www.facebook.com/profile.php?id=100000601107438

27.04.2016


Macedonian Timeline


Comments