НАСЕЛУВАЊЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Автор: Љубица Поповска
Стапнувам на оваа земја
а морници ме полазуваат.
Рушевина на столбовите
во душата.
Пребарувам во мене,за да
го смирам
хаосот на ѕидовите
што се раздвижува.
Навлегувам низ
олтарот на сништата
за да ги смирам моите
огнови.
Да ја соберам пепелта од
душата
во урната на минатото.

И станам Феникс птица
населена на песоци и пустини,
планини и долини,
мориња и океани
на оваа земја овде.
И соновите на стреите
од старата куќа(огниште)
го преселивме кон
честарот на едно друго време
и едно друго непознато небо.
Починка на еден немир
и уште еден немир
во хоризонтот заграден
со времето што
неконтролирано тече.
Но,крвта врие(рие)во нас,
не' вика,
корените не' бараат сами
а ние,со подадена душа и раце таму
алчно пуштаме нови
корени тука.
Создадовме нови кратери во нас
да им го отвориме патот
на оние по нас.

За иднина нова !?



Comments