МАЈКАТА Е ЖЕНА БЕЗВРЕМЕНА

Автор: Љубица Поповска

Жено,мајко
во таинствената утроба
го носиш својот пород
-ранета птицо.

Во стомните изградени
од ротацијата на денот
носиш илјади солзи
-болко на еден живот.

Жено,жено.
Се раѓаше и раѓаш
за да носиш во себе и со себе
проклетство на илјади усти
(судбино на нови рожби
родилко,жено,стено)

Со тебе и во тебе
започнува и продолжува
еден живот.
И живее едно време.
Се наоѓаш вон просторот времен
но во пулсот на животот

Comments