Saturday, May 14, 2016

ЖИТИЕТО НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ЈА ОТВАРА ВРАТАТА НА МАКЕДОНИСТИКАТА

 Нашиот преподобен и голем светец Наум, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин Филозоф и Методиј. Ги имаше за пример во сè и за свои учители, поучувајќи се во нивното училиште од делата на свети Григориј Богослов, свети Јустин Филозоф, свети Григориј Неокесариски, свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст, свети Григориј Ниски, Блажен Августин, свети Јован Дамаскин, и подготвувајќи се за големото апостолско дело што го очекуваше. Дејноста на свети Наум е тесно поврзана со мисионерската дејност на светите Методиј и Кирил. Основоположник на Преславската школа, во Бугарија, каде имаше благородна мисија од седум години, со христијанска љубов да го зацврсти братските односи на македонскиот народ со бугарскиот. Свети Наум прераснува не само поборник на Црквата во Македонија, со својот брат Св. Климент Охридски , активен е и во работата на Охридскиот универзитет, каде се просветители учители и свештеници и се развивала македонската книжевност. Но никој не насетуваше дека Свети Наум, со својата книжена дејност на македонски јазик, ја отвара вратата на МАКЕДОНИСТИКАТА, ЖИТИЕТО НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ - чудотоврецот е откриено дури во 1908 година. Русинот Афанасиј Матвевич Селишчев истражувал уште во 1932 година и тогаш првпат го вовел зборот македонистика. Само шест години подоцна, на истиот универзитет постојат книги во коишто македонскиот јазик се третира како одделен јазик, во словенската група јазици, рамноправен во светските. 

ТОА СЕ ЗАЦРТА ВО ГОЛЕМАТА СВЕТСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Советска енциклопедија. Токму преку текстот на првото житие на св. Наум од пред 1000 години, Селишчев Македонски јазик го врамил како засебен јазик, без подлабоко да нагласи дека МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК е корен основа на групата словенски јазици и основа на првата гласовна азбука, од говорниот систем на Македонците од Солунско. МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО КОРЕН ОСНОВА НА СЛОВЕНСКИТЕ ЈАЗИЦИ Е ЗАЦРТАН ВО ТАБЕЛА на Enciklopedija Britanik.Види во МАКЕДОНСКИОТ СВЕТИКЛИМЕНТОВ ОХРИДСКИ УНИВЕРЗИТЕТ стр.63 -Ванѓелко Лозаноски. Ракописите од македонските средновековни книжевници во Македонија и словенскиот свет, со својата македонска рецензија и оргиннални карактеристики на македонските говори ширум словенскиот свет, цркви и манастири, предизвикаа жив интерес во Русија и словенскиот свет. Само шест години подоцна, на истиот универзитет постојат книги во кои што македонскиот јазик се третира како одделен јазик. Се работи за големата Советска енциклопедија. Токму преку текстот на првото житие на св. Наум од пред 1000 години, Селишчев открил посебен македонски контекст и со тоа го воспоставува континуитетот во историјата на македонскиот писмен јазик. Колку македонските книжевници од македонските цркви и манастири оставиле вредни белези, зборува Откриеното МАКЕДОНСКО ЕВАНГЕЛИЕ во Франција, пред кое француските кралеви земале заклетва. Тоа потврдува дека македонските книжевници-свештеници книжевници низ вековите , оставиле културни вредности, низ кои зрачи македонскиот јазик. 

Проф. Ванѓелко Лозаноски

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...