СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Останаа да бидат
патници вечни
во ходниците на
Историјата.

Светли зраци на
крајот од тунелот
и ширно поле
со шепотот на
разиграните мисли
низ пределите на
книгите и псалмите.

Со мудроста на азбуката
и пишаниот збор
како воини на светлината
завзедоа и долини и
каменити височини
и се вгнездија во
секој камен и цвет.

И станаа мугра
на новото време
што започна од
Македонско тло
и продолжи по
врвиците на секој
кој ја виде
светлината
до идни дни.

А бури им пркосеа
и громови туѓи удираа
по посеаното жито.
Со божја помош
ги совладуваа и вешто
ги избегнуваа сопките
за да не се избрише
семето втемелено
во камените и осојни
и плодни предели
на нивното време.
Автор: Љубица Поповска

Comments