БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!
"Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво?
Или сонцето не свети за сите, исто така?
Зар не го дишеме воздухот сите еднакво?
Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви?Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака?
Со овие зборови Константин филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел јазикот пред т.н. тријазичници кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи. 
 Користејќи го говорот на Македонците кои живееле во околината на неговиот роден Солун, Константин ја составил првата азбука - глаголица со 38 букви. Со префинет осет за секој глас да создаде знак, употребил букви од грчкиот алфавит, знаци од други јазици, а и самиот измислил нови. Говорот го издигнал на ниво на прв книжевен јазик. Со Методиј и нивните вредни ученици со новото писмо превеле голем број на  црковни книги и во 863 година подготвени тргнале во нов поход, на мисија во Моравија, каде што останале 40 месеци.
Нивната макотрпна работа резултирала со преполни цркви и луѓе кои првпат слушнале богослужба на разбирлив јазик за нив. Силниот отпор на латинско-германското свештенство, разгневено поради масовниот одлив на верниците, ги одвело солунските браќа до папскиот двор. Но, таму биле примени со највисоки црковни почести - затоа што биле мисионери на моќната Византија, но и зашто со себе носеле нешто вредно. По Цариград, и Рим официјално го признал јазикот за рамноправен со другите. Папата бил убеден во оправданоста на Моравската мисија и во разумното тврдење дека секој народ треба на својот јазик да разговара со Бога, па лично ги зел во заштита нивните книги и ги осветил. Кирил починал на 14 февруари 869 година, завршувајќи го животот изнемоштен и болен на 42 години. Закопан е во базиликата Св. Климент (Сан Клементе), посветена на светецот со чии мошти дошол во вечниот град.
Битката за писменоста не престанала. Неа уште 16 години ја водел братот Методиј, до својата смрт во 885 година. Моравската мисија завршила со прогонство на нивните ученици. Некои од нив исчезнале, некои биле продадени како робови, но тројца истакнати - Климент, Наум и Ангелариј, го продолжиле просветителското дело на југ.
За животот и делото на Кирил и Методиј има огромна библиографија, напишани се над 10.000 студии, прилози и статии. Има голем број фрески и икони инспирирани од нив, а многу цркви и образовни институции го носат нивното име. Тие се патрони на Скопскиот универзитет. Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје. 
Жалосно е тоа колку се извртоперуваат фактите за тоа кои се Кирил и Методиј? Енциклопедијата ги кажува како Грци, Бугарите ги сметаат за Бугари а Македонците за Македонци, што всушност и се. Факт е дека Кирил и Методиј се родени во Солун , најголемиот град во Македонија, а вториот најважен град на Византија по Константинопол. Градот бил основан од македонскиот крал Касандар и е именуван Thessalonice по  ќерката на Филип II и сестра на Александар Велики. Касандар се оженил со неа, по смртта на нејзиниот брат. Солун бил многу пати под опсада од страна на Словените, но тие никогаш не успеале да го освојат. Словените се населиле во близина на градот и низ цела Македонија, меѓу градови и села веќе населени со Македонци. Бугарската инвазија на Балканот во 7 век и исто така се обидела но не успеала да го освои градот. Јужната граница на Бугарската империја се протегала на север од Солун, но тоа царство траело кратко. Земајќи ги во предвид овие факти едноставно невозможно е да се каже дека Кирил и Методиј биле Грци, Словени или Бугари за очигледната причина што градот никогаш не бил освоен од ниту еден од нив. Во современите византиски записи стои дека Солун е "најголем град на Македонците". Историски докази потврдуваат дека постоеле Македонците во Македонија, дека Македонците  служеле во византиската војска, и дека Царевите на Византиската империја биле етнички Македонци, пред и по животот на Кирил и Методиј. Како што кажуваат документите во текот на последните 2.500 години, Македонците не беа Грци, и експлицитно спомнување на Солун како град на "Македонците" во византиската евиденција, ги отстранува можносите дека Кирил и Методиј би можеле да бидат Грци.

Macedonian timeline 

Comments