Subscribe:

Labels

Tuesday, May 31, 2016

БЕЛИОТ КАМЕН



Автор: Виолета Јовановска
Посветена на Марија Коцева
Кога ја пречекорив границата
Не сакајќи
Барав гнездо да свијам
Со топлина да се обвијам
Меѓу тополите и врбите
И мирисот на липите.
Го најдов тоа парче земја
Блиску до границата
Што ми ги заматуваше очите
Го избрав тоа парче земја
Да бидам блиску
До белиот граничен камен
Што не ми дава спокој.
Го избрав тоа парче земја

За очите да ми гледаат
Таму преку белиот камен
Таму од другата страна
Каде што останаа песните
Насмевките, радоста.
Да фрлам поглед таму
Поглед пратен со воздишки
Од утробата на душата
Која е преполовена
Не е ни од онаа
Ниту од оваа страна
На белиот камен.

Поема: Белиот камен 
Автор: Виолета Јовановска
The poem: The white stone
Author: Violeta Jovanovska

No comments:

Post a Comment