Tuesday, May 24, 2016

КИРИЛИЦА

Бевме петмина
годините кога навалија
пет страни не'заробија
зафатија.
Едни отидоа Америка
други Австралија
и северни страни.
Но во иста мисла
сме збрани само
да си чуеме глас
што има ново
кај секој од нас.
Судбината ни била
тоа ете
да го носиме
македонскиот јазик
по тебе свете.
Да се чуе песна
и музика македонска
на сите страни.
Во едно име
македонско сме
збрани.
Сееме песна и љубов
света
иако за Македонија
душата со врел
копнеж ни штрека.

Кириличното писмо
и споменот за
Солунските браќа
еве,сегде се шири
праќа.
Изораната нивна
нива
со плод и бериќет
снива.

Пишеме песни,книги
со љубов света
ете опстојува
Кирилицата илјади
лета.
Автор: Љубица Поповска

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...