Subscribe:

Labels

Sunday, June 19, 2016

24 ЧАСА, SUPERCARE АПТЕКИ

Како дел од ветената иницијатива од $ 28,7 милиони на премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, до крајот на 2018 година се отвораат 20 Supercare аптеки низ Викторија. Четири мелбурнски предградија ќе имаат аптеки, отворени 24 часа за полесно набавување со лекови и стручни совети. Supercare аптеки ќе се отворат во: Ascot Vale Pharmacy, Amcal Pharmacy, Craigieburn, Pharmacy @ Knox, Wantirna South, и  Carnovale pharmacy во Yarraville.

Исто така се нуди бесплатна патронажната служба, од 6 pm-10pm, која ќе дава совети за здравје, и третира луѓе со помали повреди и болести. Медицински сестри, ќе помагаат со основна нега, како што се преврзување на рана, преглед, вакцини за грип и кашлица, проверка на крвниот притисок, совети и упати за други локални здравствени услуги.
Сетоа ова со цел да им се помогне на семејствата  и на оние кои работаат на смени, да се снабдат со медицина и после работното време.

Macedonian Timeline

No comments:

Post a Comment