Subscribe:

Labels

Tuesday, June 14, 2016

АКО СУМ

АВТОР: ВИОЛЕТА ЈОВАНОВСКА

Да сум камен би се распукала
А крвта – прав ќе тече
Низ пукнатините.
Да сум снег ќе се стопам
А водата ќе се слее
По падината.
Да сум риба ќе се сокријам
Во длабочините
Да ме покрие сивилото.

Но јас сум срце што трае
Без да пукне
Но јас сум душа и не се топам
Во солзи
Но јас сум човек што сивилото
Тешко го задушува.
А крвта тече, солзите леат
За еден ден да бидам
Камен, прав, вода и никој.

If i am - Poem by Violeta Jovanovska

No comments:

Post a Comment