Subscribe:

Labels

Friday, June 17, 2016

СОВРШЕНО СРЦЕ

Приказна 
 Еден млад човек тврдел дека неговото срце е совршено. На него не можело да се најдат никакви рани, ни лузни на него, па така сите се сложувале дека неговото срце е навистина совршено. Еден ден додека тој се фалел пред другите, го дослушнал еден старец и му викнал:
- Синко, а зошто моето срце не е така совршено како твоето? 
Срцето на старецот силно чукаше, но беше преполно со лузни и рани, што дури и на некои места делчиња од него беа преместени, па на друга страна додавани кои потполно не одговараа на местата, а некаде дури фалеа и делчиња од него. Луѓето што се наоѓаа околу нив, со недоверба го погледнаа старецот и се прашуваа како може неговото срце да е посовршено од она на младичот. Младичот погледна во срцето на старецот, и смешкајќи се му рече:
- Мора да се шегуваш дедо! Ајде дедо спореди го моето срце со твоето, види го моето е совршено, а твоето е преполно со лузни и рани.

Старецот се насмевна и му одговори:
- Погледни добро синко, кај мене секоја лузна ја претставува личноста што сум ја љубел, и на која сум и подарувал љубов, каде што има рана, сум извадил парче од моето срце и сум и го подарил на љубената. Погледни овде каде што ми е додадено, тоа е кога љубените ми подарувале парче од нивното срце, но не се совпаѓало најдобро со празнината на моето. Таму каде што гледаш празнина, тоа е кога сум подарувал дел од срцето, а возврат не сум добивал и на него настанале големи празнини и вдлабнатини. Но иако се отворени и болни, ме потсеќаат на љубовта која сум ја споделувал со надеж дека еден ден ќе се врати и ќе ми ја потполни празнината.
Синко!...ДАЛИ СЕГА ЈА ГЛЕДАШ ВИСТИНСКАТА УБАВИНА НА МОЕТО СРЦЕ?!

Младичот малку се подзамисли, го погледна старецот, откина едно парче од своето СОВРШЕНО СРЦЕ, пријде и му го подаде на старецот. Старецот го зеде делот од срцето на младичот, откина дел од неговото и го стави на раната од младото срце. Тогаш младичот го погледна своето срце, кое сега не беше СОВРШЕНО, но, беше ПОУБАВО ОД СОВРШЕНОТО.
www.napauza.mk

No comments:

Post a Comment