Subscribe:

Labels

Monday, June 20, 2016

НОСТАЛГИЈА


Стара си, не знаеш да кажеш
Но толку си звучна
И толку си неодлучна
Кој во тебе те носи,
 И самиот тој во својот разум,
не може да расуди,
како да и каже
да те стави во душа мирна,
мирољубива и топла,
или во душа злобна
душа нечиста и алчна.



За нив ќе бидеш
секогаш мрачна
а за душа разумна и топла
засекогаш ќе бидеш среќна и вечна.

14.3.2015
Стеван Ацески
Мелбурн

No comments:

Post a Comment