Subscribe:

Labels

Sunday, June 26, 2016

БУКВИ

Дедо ми кажува приказни стари
Баба ме учи за жаби и бубамари
И мама и тато ми зборуваат често
А јас се нешто барам, не ме држи место.

И најдов, читанки, буквари стари
На полица стојат,  никој не ги чита.
Букви убави стројни
Се преместуваат од место до место
Голема буква, мала буква,
Точка, запирка, прашалници, извичници
Ред по ред умот да ти штукне.


А тато вели, кирилица е тоа сине,
Свето писмо создадено да трае.
Кој ќе научи нема да се кае.
Цртам и пишувам букви в час
Ете, научив македонски да зборувам и јас.

Автор: Гордана Димовска
Песната Букви е добитник на прва награда во категорија песни за деца, на литературниот конкурс организиран од Литературното Друштво "Григор Прличев" Сиднеј.


No comments:

Post a Comment