Saturday, July 2, 2016

СЕЌАВАЊЕ НА РАЗГОВОРОТ ЗА ПОЕЗИЈАТА СО ДЕСАНКА МАКСИМОВИЌ

Љубица Поповска се сеќава на разговорот и честа која ја имаше како студент да се сретне со реномираната српска поетеса Десанка Максимовиќ и притоа да ги забележи нејзините одговори на поставените прашања. Во прилог го издаваме во целост нејзиниот разговор објавен и во списанието За вас и вашиот дом.
Тивка, приступачна со вечен намев, готова секогаш на секое изненадување да одговори со изненадување и љубезност но над се, стрплива да го ислуша човека до крај. Ја запознав таква при мојата средба со неа во Белград. Ја искористив можноста да ми одговори на некои прашања и побарав слика но таа место слика ми ги напиша на разгледница следниве стихови: како помен, како порака, како посвета – сеедно. "Спустила сам очи и заплакала у себи, тамо где нико сузе не види , и последњи невидливи пут узела сам те и загрлила као што се сан грли".
Љ.П - Песната е ваш составен дел, како почна да се раѓа во вас и кога?
Десанка:Човекот, поетот, никогаш не знае зошто ја сака работата со песната, тоа не го прави при потполна свест. Да да пишувам почнав во времето на мојата младост.

Љ.П - Вашите песни се тихи, зошто вашите навлегувања во песната е како да пристигнувата од ливада и цвеќе.
Десанка: Затоа што навистина и доаѓам од цвеќето и ливадите и затоа што во себе сум тажна.
Љ.П - Зошто се занимавате со самата себе во поезијата?
Десанка: Поетот секогаш се занимава со самиот себе и тогаш кога на другите му се чини дека се занимава со предметите околу себе . Мојата патриотска поезија, исто така сум тоа јас.
Љ.П - Зошто ведрината исе секогаш врв и цел на вашите песни? Што носи таа?
Десанка:Мислам дека мојата поезија не секогаш ведра. Тоа што личи на ведрина е мојата воздржливост со тоа мојата болка да ја соопштам до крај на друг и мојата заљубеност во стихијата на природата која ме лекува од тага.
Љ.П - Како настана вашата најинтимна песна Стрешња?
Десанка: Од страв во љубовта да не се поремети ништо, да не се распрсне како меур од сапуница.
Љ.П - Може ли тагата со некога да се подели?
Десанка: Мислам дека не може. Човекот е секогаш тажен и сам во часови кога му е потребна помош. Помош од нигде нема.
Љ.П - Зошто толку силно разурнува?
Десанка: Не знам.
Љ.П - Oд каде се родила таа мисла во вас? Зошто во вашите песни минатото е опомена a она што доаѓа живот?
Десанка: Таа мисла во мене се родила многу, многу рано.
Љ.П - Земајќи во предвид дека интимата е доминантна во вашата поезија, сепак вие сте најповикани со “Крвава бајка", како настана таа песна и вашето патриотско чувство во неа?
Десанка: Мислам дека е преодно убедувањето дека "Крвава бајка" е најповеќе моја песна. Тоа го направи настанот за која пеам. Во неа е мое само моето лице. Патриотското чувство во неа настана во болката за злочинот што непријателот го направи.
Љ.П - На која тема застанувате додека пишувате проза?
Десанка: На тајните на човечката душа човечките слабости, неговите светли моменти, љубовта, родољубивста.
Љ.П - Секогаш младите го посакуваат вашето друштво. Какви се вашите впечатоци и мислења за нив?
Десанка: Со младите секогаш ми е убаво. Поетите се возвишени. Тие се секогаш стари, и секогаш млади. Младите се слични на поетите, способни за восхит, за подвизи, љубопитни, жедни за живот..
Љ.П - Со оглед на тоа дека доста сте патувале, какви се вашите впечатоци?
Десанка: Луѓето се насекаде исти. Секаде ми се чини дека среќавам луѓе од својот крај.
Љ.П - Кои средби ви се најдраги?
Десанка: Средбите со добрите луѓе, со книжевниците, со оние кои го сакаат мојот народ.
Љ.П - Што донесува младоста?
Десанка: Верба во живот и напредок.
Љ.П - Што сега работите?
Десанка: Пишувам песни.
Тоа е Десанка Максимовиќ и низ мојот разговор, поет чии песни се објавени на многу јазици, поет кој патувала и добивала награди и признанија, а секако највисоко признание е златен венец, доделен од Тито.

(Интервјуто е направено од Љубица Поповска за време на студентските години).

Macedonian timeline 
www.macedoniantimeline.blogspot.com.au



No comments:

Post a Comment

НЕВЕРОЈАТНИ ЗАПИСИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија е опишана од страна на голем број светски патописци, новинари како земја во која постојано нешто се случува. Се чини дека од секо...