Subscribe:

Labels

Wednesday, July 13, 2016

РАЗГОВОР СО МЛАДАТА ПОЕТЕСА ЈАСМИНА ЈОШЕВСКА

  "Само најдоброто е доволно добро" - Јасмина Јошевска
Љубица Поповска: Повод промоција на твоите две збирки поезија "Од чешмата на времето" и "Клавирот на животот", поезија која плени. Каква е твојата порака во песните и која беше инспирацијата за нив?
Jасмина Ј. - Мојата порака е дека љубовта е таа што нè прави човечни. Да го замислиме светот како розов, да можеме да делуваме со насмевка кон другите.
Збирките беа промовирани и во моето родно Крушево.
Љ.П: Кој ти беше промотор и кој ја рецитираше твојата поезија?
Јасмина Ј. - Промотор ми беше познатата писателка и поетеса Гордана Такец. Песните ги рецитираа познатиот актер Петар Горко и спикерката на тв Орбис Емилија Сарафска. Тие со својата професионалност рецитирајќи ја мојата поезија ги восхитија присутните, да ја чувствуваат поезијата како дел и од нивната интима.

Љ.П: Беше повикана да гостуваш и во тв емисии. На кои од нив беше гостинка?
Јасмина Ј. - Бев неколку пати гостинка во емисии на тв Орбис и тв Тера, како и на Македонската телевизија. Им благодарам на сите кои соработуваа со мене.

Љ. П: Која беше твојата прво објавена книга?

Јасмина Ј. - "Долина на солзите" е моето првенче објавено 2014 год.

Љ.П: Кое е твоето мото и твоја инспирација во поезијата?
Jасмина Ј. - Пишувам од мојата 13-та година,а подлабоко навлегов во поезијата од 17-тата. Мое мото е "Само најдоброто е доволно добро". Со насмевка ги примам ударите од "Чешмата на времето"и со љубов ќе компонирам ново ноти на "Клавирот од животот".

Љ. П: А награди ?
Јасмина Ј. - Покрај многубројните најдраги ми се од Фондацијата"Такец", Гран при за поезија, освоено Второ место, Митровденски медаљони и Признанија.

Љ.П: На што работите сега?

Јасмина Ј. -  Отскочна штица кон прозата ќе биде мојот прв роман кој е при крај. А секако пишувам и поезија.

Interview with young poet Jasmina Josevska from Bitola, Macedonia
"Only the best is good enough" (Jasmina's quote)
Macedonian timeline
www.macedoniantimeline.blogspot.com.au
Разговорот го водеше Љубица Поповска

No comments:

Post a Comment