ХОБИ ЗА ПОСРЕЌЕН ЖИВОТ

Во 16тиот  век, терминот "хоби" имал значење на "мал коњ или Пони" и се однесувал на тоа да следиш некој омилен начин на поминување на времето. За првпат во англискиот речник е воведен во 1816 година. Во текот на подоцнежните векови, терминот е поврзан со рекреација и одмор. Во 18-от век со повеќе слободно време после работа, хобито си добива свое место. Хобито стана активност која се практикува во слободно време.

Многу луѓе се под стрес на работа затоа што имаат премногу обврски и од нив премногу се очекува во 8 часовното работно време. Тоа доведува до стрес и често стануваат депресивни што дури и забораваат да се посветат на среќата.
Затоа е многу важно да имаат најмалку едно креативно хоби. Истражувањата покажуваат дека голем број креативни хоби имаат моќ да ја подобрат нашате ментална состојба.
И наместо да се троши времето пред ТВ, фејсбук, инстаграм или други социјални мрежи, пронајдете некое хоби кое битно ќе делува на вашата среќа. Истражувањата докажуваат дека хобито го намалува стресот за 34% и ги прави луѓето многу посреќни . Кога расположението се подобрува, мотивацијата да се работи и поголема и човекот добива енергија да ги извршува работите многу попродуктивно и ефикасно. На пример: физичките вежби го стимулираат мозокот а со тоа и способноста на човекот да социјализира со други луѓе.
Други видови хоби каде се изразува креативноста, се подобрува меморијата, и човекот живее многу посреќно се: фотографирање, готвење, рециклирање на тоа што имате дома, градинарство, пишување,ње книга, уметност, плетење, многу видови спорт и многу други.

Macedonian timeline

Comments