МОЌНО ПСИХОЛОШКО ОРУЖЈЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Михаил Литвак (Mikhail Litvak) е доктор, психотерапевт и еден од најдобрите психијатри во светот. Тој беше првиот кој го разви системот за решавање на конфликти, наречен психолошко Аикидо.
Инаку, аикидо во спортот е јапонска боречка вештина за самоодбрана.
Доктор Литвак дава 20 куси совети кои ако луѓето навистина ги разберат и применуваат ќе немаат никакви пречки во својот живот. 
1. Ако човек нема ништо добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе зборува лошо за другите луѓе.


2. Загризете во науката која е од гранит, ако веќе сакате да гризете врат на свој најблизок.  

3 Депресијата е дадена на човекот да се конципира над себе.

4. Никој никого не отфрла, само некои луѓе одат напред а други заостануваат. Тие кои заостануваат, мислат дека се отфрлени.

5. Ако мислите добро за себеси, зошто е потребно  другите да мислат добо за вас ?

6. Ако сакате нешто, не прашувајте за дозвола. Нема да ја добиете!

7. Способноста да сакате и добро да ја поднесувате самотијата е знак на духовна зрелост. Всушност, најдобро функционира кога сме сами.

8 Незрела личност има знаење ама не умее да го примени, додека зрелата личност има знаење и умее да го користи. Затоа, незрелите луѓе ги критикуваат другите, додека  зрелите прават дела.

 9. Јас не знам кој е патот до успехот, но го знам патот до неуспехот. Тоа е желбата да им се допаднеме на сите.

10. Не постои машка или женска логика, само способност или неспособност да се размислува мудро.

 11. Ако сакате да го запознаете вашиот најголем непријател - погледне во огледало. Кога ќе се соочите со него, сите останати лесно ќе ги победите.

 12. Постигни успех и сите навреди да поминат.

 13. Пријатно е да разговорате со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите.

14. Дали постои само една добра причина да ја прекинете врската со некој или да го прекинете работниот однос, неможноста за личен развој во тие услови.

15 Радоста треба да ја споделувате со вашите пријатели и непријатели. Пријатели ќе бидат среќни, а пријателите вознемирени.

16. Не ја бркај среќата, ќе го најдеш местото каде таа престојува. Среќата сама ќе ти најде. Можам да ви кажам едно место каде е - во вас. Патот до ова место е развојот на вашите способоности и вештини до максимум.

17. Среќата е нус-производ на добро организирано делување.

18. Ако сакате да докажете нешто  некому,  тоа значи дека живеете за тоа лице. Но, ако живеете за себе, тогаш не мора ништо да докажувате никому.

19. Фантазијата е гласот на нашата способност. На пример, јас фантазирам дека пеам во опера, а немам ниту глас ниту слух, тешко дека ќе успеам во операта.  Но, ако фантазирате за нешто што е повеќе во согласност со вашите способности, ќе ги остварите вашите соништа прилично брзо. Добро е кога човек може да си каже себеси – Се обидувам да ги остварам своите соништа. 


20. Подобро да комуницирате со добра книга отколку со празен човек. 

Comments