СО ЉУБОВ ЗА МАКЕДОНИЈА - ДОНЧО АНГЕЛОСКИ

Делата зборуваат
“Ако еднаш засакаш нешто вистински, секогаш ќе го сакаш, а ако престанеш да го сакаш значи никогаш не си го сакал вистински“ - Дончо Ангелоски

Љубовта кон татковината е силна движечка сила која го тера секој иселеник да формира здруженија, да се вклучува во активности од интерес на Заедницата и матичната земја. Да се остави белег по години на активност во македонската заедница е значајно како за активистите така и за генерации што следат. Доброволните активности се доблест, личен избор на индивудалци да се вклучат во активности без посебни директиви од политички партии или институции. Од таму започнуваат идеи, иницијативи, надежи, амбиции, желби за да се оствари некој значаен проект. Тие што го избрале овој пат имаат исклучителна дарба, вишок на енергија и секако големо срце и безрезервно го даваат своето време без финансиски надомест во остварување на целта.
Во одреден период поради разни прични, неко се обесхрабрени или демотивирани но тоа не значи дека треба и да се заборават. Еден од нашите истакнати активисти во Македонската заедница во Мелбурн, Австралија е и Дончо Ангелоски, уредник и сопственик на Радио Илинден Мелбурн кој несебично  спроведе низа активности во Заедницата од голем интерес за Македонците.
Да се живее во туѓа земја а да се работи за интересите на Македонија е доказ за големината на еден човек – патриот, доказ за големата љубов кон родната земја и силната желба да се стори нешто повеќе.  “Ако еднаш засакаш нешто вистински, секогаш ќе го сакаш, а ако престанеш да го сакаш значи никогаш не си го сакал вистински“ се зборовите на Ангелоски кој го создаде и медиумиот Радио Илинден на австралиско тло со единствена цел да ја шири љубовта кон се што е македонско, да ја промовира културата, традицијата, македонската музика, вистинската љубов кон Македонија.

 Голема е неговата улога во иницирањето и координирањето на најмасовниот протест на Македонците во Австралија во 2008 година, отворањето на македонски конзулат во Мелбурн во 2009  (нешто кое се чинеше невозможно за некои), иницијативата за потпишување на договор за Социјално осигување меѓу Македонија и Австралија која стапи во сила во 2011 година. Тоа го потврдува фактот дека многу фамилии во Македонија си ги пренесоа пензиите и живеат многу подобро, доказ за зголемување на девизниот прилив во земјата, а сето тоа благодарение  на нашиот Дончо Ангелоски кој со сопствени финансиски трошкови кон крајот на 2006 го крена куферчето в раце и покрена многу работи во кои беше и тоа за пензиите.
Дончо Ангелоски даде многу од своето драгоцено време во интерес за македонската кауза.  Тој е човек во кого секогаш се раѓаат идеи за корисни проекти на релација Австралија – Македонија а тие идеи треба да бидат патоказ за нови акции и вклучување на младите генерации во Заедницата. Многу од македонските активисти во Австралија престануваат со работа обесхрабрени од недоволната прифатеност и поддршка во местото на живеење или незадоволства од настани во матичната земја.

 Да се пишува за нив не е доволно, поважно е да се разбере вистински нивната борба и голема жртва, и да им се даде вистинско место и статус кој го заслужуваат. Според Ангелоски, за нив е доволно да се почитуваат нивните дела, да се надградуваат а не да бидат понижувани, уништувани за после пак некој да почнува одново. Успехот ќе биде голем ако некое дело се надграде и продолжи напред, само тогаш ќе сме успешни  како Заедница и како држава и како народ. Само на тој начин ќе се ствараат подобри услови за привлекување повеќе млади од македонско потекло да ја продолжат борбата за македонската кауза. Каде се Македонците, таму е и Македонија. 


По искуствата од големиот број активности во Македонската заедница, Ангелоски заклучува: “Се лажат оние активисти кои влегуваат во друштва или организации поради некој   финансиски интерес исто така се лажат оние луѓе кои мислат дека активистите влегуваат и работаат поради некој си личен финансиски  интерес.  И едните и другите се во заблуда бидејќи за било кој активист што работи доброволно и кој троши драгоцено време нема цена што може да го плати изгубеното драгоцено време. Времето е најскапото нешто затоа велам се лажат и едните и другите. Многу боли кога некој си поигрува со чуствува на некој чесен и вистински активист,патриот или Верник кој сака само од срце да помогне на Македонија и Македонската заедница,  Македонската црква,  бидејќи секогаш вистинските некој ги искористува и на крајот сакаат да ги втурнат настрана или им лепат некаква си етикета. Делата секогаш зборуваат за човекот.“


И додека некој гледа се низ призмата на парите, делата на активистите градат ѕвездена патека по која засекогаш ќе чекори нивниот идеал, добрина и визија.  
Институциите во матичната земја треба повеќе да ги следат успешните активисти и да ги вклучат македонските интелектуалци од дијаспората во проекти во и за Македонија. За да се продолжи визијата, иницијативите и вистинските акции поттикнати од љубов треба да бидат во континуитет и како такви градат вистински мост на заедничка соработка, прифаќање и успешни проекти.

For Macedonia with love -  macedonian activist and the founder of Radio Ilinden Melbourne, Donco Angeloski
If you love something, you will always love it,  but if stop loving it, that  means you never truly loved it" - Donco Angeloski

 Macedonian timeline

Comments