СЕЌАВАЊА

Автор: Љубица Поповска
Сеќавањата како
езерски далги
го заплискуваат
моето срце
за времињата наши
минати,
во сè уште неизгаснатиот
жар
на нашето татково
огниште .
Од твојата топла душа
како од полн пехар,
пиевме добрина и грижа.
Бдееше над нас
како сјај на месечина 
цела.
Твојот поглед
-езеро ширно
 нè збираше нас
распрскани по 
страните на светот
под твоето сестрино крило.
Кинеше цветни ливчиња
-љубов
од твоето срце
како од ружа
и нè даруваше
сите нас,
а за тебе остана
трнот на животот 
само .
Ево песна за утеха.
Но бескраен е 
животот во песната !

Среќен роденден 
сестро моја мила !
The poem "Memories" by Ljubica Popovska
Devoted to her sister Biljana
(Посветено на сестра ми Билјана)

Comments