Subscribe:

Labels

Wednesday, July 13, 2016

НЕДОПРЕНА


Автор:  Гордана Б.Николовска
Сè уште го чувствувам мигот на краткиот кревок колеблив допир, и сега размислувам за пред и потоа...
Моиве очи само тебе те гледаа,
моево срце само тебе те сакаше...
Знам тешко ти е да поверуваш,
зашто вербата ти е исчезната,
се двоумиш и колебаш,
 и многу ме растажуваш.

Но, јасно јас забележав, дека ти кон нов пат тргнуваш, рацете кон друго ги подаваш.




НО, што можам јас?
Молчам и не те препознавам,
повеќе ти не си тој што го познавав,
и со тешко освестување си признавам,
дека мигот што го чекав
никогаш  нема да го дочекам.
Залудно беше кажаното...
како одек во тишината и празното .
Пречекорив и заминав ,
исправена и горда,
со срушена желба,
со ситен очај,
решителна, а недоречена ,
и засекогаш одречена
од љубов отровна и НЕДОПРЕНА.

Автор: Гордана Б. Николовска
Дипломиран професор по Македонски јазик и книжевност

The poem "Intact"-  written by Gordana B.Nikolovska
(Graduate professor of Macedonian language and literature)

 Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment