КЛАВИРОТ НА ЖИВОТОТ

Автор: Јасмина Јошевска

Низ солзата
цветови се родија
штом падна
од окото што пресуши
опојно надојдени стихови
родија мисли,
одново воскресна телото.
Изгорев за сонцето
душа да не ми кине
а прагов непречекорен
дише за твоите стапалки.
 
Палаво пепелта jа разбркувам
скалила покрив
низ степените до срцево.
Накривено стеблото оцрнето
развеано,соголено.
Ах,препукнав
за да слушам нови ноти
од клавирот на животот.
 Од збирката"Од чешмата на времето"
 
    
 
 
 

Comments