ИЛИНДЕН

Автор: Љубица Поповска
Пиштат зурли во подножјето
на огништето Македонско.
Се корнат облаци
од пештерите
за да се ослободи
со вековите
окованото сонце
на Прометеј Македонски,
и да се скршат прангите
згрчени на тиранијата.
За уште едно
себенаоѓање во
Историјата,
да потече мислата
и смислата на
живеењето !


Зошто тоа наше
е во туѓи раце ?

Ај,размрдајте го
чекорот на денот
зашто ова ќе биде
Нов зрак,во ново утро,
во денот на Историјата,
Нова надеж на врутоците
бунтовни,
во пазувите на планината.

ИЛИНДЕН  иде !!

За да зачекориме
исчекор напред !

Гоце,Даме,Јане...
жилите кои пулсираа
во пазувите на оваа земја,
повикаа во својот немир
за нов изгрев и ново сонце.

ИЛИНДЕН дојде !!!

Заискреа зраци надеж се роди.
Ние постоиме,ние се бориме,
со бол и надеж
но знаеме
крвта е наше име
а Балканот врие !!
Од зад наоблаченото небо
со искинати трпежи и трепети
се огласија петлите
-пушките на
Илинденското време!

ИЛИНДЕН
неостварен миг
на слобода лик
гори,мори,збори
надеж се зори
Крушевска Република
се роди!
Солзливо е небото
над Крушево
а солзи нема.
Идниот ден ќе биде
крвав...
Се договараат
мртвите во гробовите
за пречек на комитите.
Секавици трештат
наговестуваат пат со бура.
Комити во бој јурат.
Се зададоа облаци нови
залутани од кој знај кај
како плева без крај.
А народот молкум трај .
Кандилото на
КрушевскатаРепублика
згасна.
Непреболот Македонски
под тиранија пак се најде,
гнасна !
А крвта се пенеше
течеше,риеше
земјата крв пиеше.
Комитите јуришаа со сонот,
со над иста
дека сепак некогаш
во Македонија
слобода ќе блиста !

Мечкин камен
Паметник на Историјата
стана !


Poem Ilinden - Author Ljubica Popovska
Macedonian timeline

Comments