ЈАС СУМ ОБИЧНА

 
Автор: Јасмина Јошевска
Што бараш
низ обичноста моја?
Нејасна е
сокриена низ проѕирките на просторот.
Причина за будност
каде денот
најмирно зборува
за ветувањето
дека слабоста не е моќ
да ги спои денот и ноќта
низ цртите меморирани
не знаејќи дека
одново ги превртуваш
ветровите и немирите.
Изворот на ветувањето
креација одлетана
со листот неповратно однесен,
искреност издржана
топејќи чекори
низ празни улици,
долго одлетување
закоравено низ единечноста
одлучност за прифатеноста
единствена запечатена мисла.

"I am simple" - Author: Jasmina Joshevska
Macedonian Timeline

 

Comments