Subscribe:

Labels

Sunday, August 14, 2016

ИНТЕРВЈУ СО ОЛИВЕРА ШИРГОВСКА

Моето мото е дека низ животот човек ќе наиде низ секакви пречки кои со љубов и трпение се совладуваат. Човекот се учи на грешките, а критиките треба да ги сфати како мотив повеќе да продолжи онаму каде што застанал. Често знам да ја употребам и една моја фраза, а тоа е: ,, Од крупните залаци , човек може да се задави, затоа животот се зема со сласт ..( Ситни залаци ) - Oливера Ширговска
Љ.П - Повод за разговор е подготовката на вашата прва стихозбирка"Сиот тој блуз" што е различност,зашто до сега вие бевте претежно прозен автор.Што претставува стихозбирката,какви песни ќе има и која порака ќе ја носат песните ?

О. Ширговска - Во моментов ја подготвувам мојата прва стихозбирка која носи наслов „СИОТ ТОЈ БЛУЗ”. Во првата стихозбирка ќе има околу деведесет поеми со различен карактер. СИОТ ТОЈ БЛУЗ претставува спој на љубовна , елегична поезија, во која ја оставив својата мисла пратена со ѕвездите, насликана на сонцето, бранувана на далгите, носена во немирните ноќи, пишувана на утринските зраци. Се надевам дека ќе им се допадне на читателите. До сега имам овјавено две прозни дела, но сепак ќе кажам дека јас на самиот почеток започнав со пишување поезија. Стихозбирката е поделена на два дела родољубива и љубовна поезија. Секоја поема е слика на мојата душа. Секогаш кога пишувам се трудам да оставам дел од себе си во секој стих, во секоја мисла, бидејќи само така го пронаоѓам својот душевен мир.


Љ.П -  Каков беше вашиот почеток со пишаниот збор ?

О. Ширговска - На почетокот дозволете ми да се претставам.Се викам Оливера Ширговска, потекнувам од Кичево имам 42год. Идејата да се дружам со пишаниот збор кај мене се роди сосем случајно, на едно од патувањата со „Вешта жена” кога ја напишав првата поема. Од тој ден постојано се дружам со поезијата и прозата и секој нов ден за мене е предизвик да се создаде нешто што ќе остави белег на времето. Нешто што ќе остави  дел од нечие постоење.

Љ.П - Се преставивте на читателската публика со прозни дела. Каква инспирација имавте за нив ?

О. Ширговска -  Според мене за да се напише едно прозно дело пред сѐ, треба инспирација и желба за пишување. На почетокот, писателот ја создава приказната, им дава карактеристики на ликовите во романот и кога целата приказна ќе биде готова започнува со пишување, со надеж и верба дека текстот ќе ја добие својата димензија преку сите човечки особини. Со верба дека  ќе и се допадне на читателската публика. Пишувам , и секогаш го следам сопствениот инстинкт, притоа водејќи се по сопствените чувства во даден момент.

Љ.П - Кои книги досега ги имате објавено ?

О. Ширговска -  Се до сега, започнувајќи од 2013 година ги имам издадено моите два романа ,,АЊА,, и ,,СРЦЕ,,. Ања е љубовен роман, со  испреплетени животни судбини, но љубовта сепак ќе го пронајде својот пат, и покрај необичните и судбински закани , кои се закануваат да ја уништат. Главни ликови се Ања и Алексеј , се раѓа љубов која е судбински предодредена да опстане и во најтешките мигови. Искушенијата демнат, но млaдите ќе останат доследни на своите чувства.
 Романот срце е спој на семеен и љубовен роман со мошне интересна содржина. Главни ликови се Тони и Јасна, а дејствијата се случувааѕ во Охрид, Скопје, и Хановер ( Германија). Интересна приказна со мошне неочичен крај.

Љ.П -  Еден ден како писател...Што значи тоа ?

О. Ширговска - Еден ден во кожа на писател..Пред сѐ тоа е магијата што ја носи пишаниот збор, да се живее заедно со ликовите, да се создаде нешто ново. Огромна љубов која не се мери со ништо и задоволство на душата кога ќе се пишуваат последните страници на прозното дело. Сето тоа го содржи еден ден исполнет со љубов кон пишувањето. Таа љубов ја грее душата на еден необичен начин, тој е еден поинаков свет во кој се живее поинаку, имагинарно, но на моменти толку вистинско што освојува сѐ околу себе.

Љ.П - Кои се твои читатели.Какви се мислењата и реакциите по прочитаните дела ?

О. Ширговска - Македонија претставува ризница на талентирани и надарени уметници кои создаваат дела, надевајќи се дека ќе допрат до читателите. Мислам дека бројката на читатели од ден на ден расте и оптимист сум дека од ден на ден читаноста ќе бележи пораст, давајќи особено предност на нашите писатели кои оставаат свој придонес во Македонското Културно Наследство.

 Љ.П - Во кој роман имате оставено најповеќе од вашата душа ?

О. Ширговска - Во романот Срце  мислам дека се оставив себе си, како жиг ја стиснав мојата душа. Во овој роман мислам дека ја оставив својата душа, еден дел содржи моја биографија, на моменти сама себе си се прекорував што солзите го пратеа текстот но тоа беше посилно од мене. Романот го пишував една година и „СРЦЕ” претставува една извонредна семејна драма каде акцентот е ставен на вистинските вредности кои секој од нас треба да ги цени

Љ.П -  Кое е ваше мото во животот ?

О. Ширговска - Моето мото е дека низ животот човек ќе наиде низ секакви пречки кои со љубов и трпение се совладуваат. Човекот се учи на грешките, а критиките треба да ги сфати како мотив повеќе да продолжи онаму каде што застанал. Често знам да ја употребам и една моја фраза, а тоа е: ,, Од крупните залаци , човек може да се задави, затоа животот се зема со сласт ..( Ситни залаци )

Љ. П - А вашето мото во поезијата ?

О. Ширговска - Во поезијата човек ќе се пронајде себе си. Се случува стихот да навлезе длабоко во мислата и да остане тука, потсетувајќи не колку е убаво да се отвори душата и да се излее се од неа. Низ стихот созрева душата, се ослободува мислата, се следи патот на срцето. Поезијата е ѕвезда водилка и патоказ кон нечија душа. Често се случува човек да се пронајде низ тие далги, поетски бранувања кои ја носат мислата испратена во стих. Мотото на поезијата е отворање на душата, пишување со чувства.....ОЛИВЕРА ШИРГОВСКА

Разговорот го водеше Љубица Поповска
Interview with the writer Olivera Shirgovska "My motto is that everyone in life should overcome all obstacles with love and patience. Evryone learns from their own mistakes and criticism should be seen as a motive to continue where left off. Often I can use my one phrase, and that is:,, Taking big bites will make you choke, that's why take the life with lust  (small bites)."  - Olivera Shirgovska 

Interviewer: Ljubica Popovska 

Macedonian timeline


ПИШУВАЈ СО СРЦЕТО Пишувај со срцето, го слушам, и секој тон го разбирам.. Знам кога ти си среќен.. И кога ти се плаче... Најтешки, насреќни се стиховите на душата, Везилка, везе најубава срма.. Како конец се вовлекува во платно бело.. На полјана од цветови кои ги носиш.. А јас совршено ја разбирам таа мелодија.. И како сликар создавам слика во подсвеста.. За себе си, за нас, за вечноста во душата, Боже, каква ли е таа магија, ? Да ја научам на памет мелодијата на чувствата?? И сама да ги создадам нотите на срцето.. А ти продолжи да пишуваш со срцето.. Ќе те разберам, те познавам, како никој... Сликар која ја обојува човечката душа, И ја плени магијата на срцата.. Создадени да пишуваат во ноќта, На полна месечина, Во утрата кога денот се раѓа.. Пишувај...Ќе те разберам...Те знам...ОЛИ...07.08.2015

No comments:

Post a Comment