ТОДОР ПЕТРОВ ЈА ПОЗДРАВУВА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ПОЕТСКО ЕХО“

Уште една успешно одржана манифестацијата Поетско ехо на 27 август во дворот на Манастирот Пресвета Богородица, Суводол, Кутретино. Поетско настапување беше означено со црковните ѕвона на Манастирот Света Богородица и пламенот на запалените свеќи во чест и со љубов кон Пресвета Богородица и нејзината вечна светлина како Мајка на сите Мајки.  
Поздравно писмо од Г-дин. Тодор Петров
ДО ЉУБИТЕЛИ НА ЛИТЕРАТУРА, КУЛТУРА И НАУКА „СВЕТИ ВИСАРИОН “-ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, почитувани следбеници на пишаниот збор, Во името на Светскиот Македонски Конгрес, како неформален светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, чест ми е да ги поздравам учесниците на Третата традиционална поетска манифестација “Манастирско поетско ехо - Демир Хисар 2016“. Благодарност за организацијата и поканата до Здружението љубители на литературата, културата и науката “Свети Висарион“ и до Литературниот Клуб “Изгрев“ од Демир Хисар. Симболиката на одржувањето на културната манифестација пред манастирот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица во Суводол, со поети од цела Македонија, е сведоштво за значајноста на овој голем христијански празник, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христ. За верата дека и Богородица по смртта, како и Исус, воскреснала и заминала на небото, како со душата, така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Поезијата за Големата Мајка е поезија за љубовта и животот. Творештвото за Големата Мајка Богородица е вознес кон успението до спасението и предизвик за поетите да трагаат вечно по смислата на животот. Успението на Пресвета Богородица отсекогаш било инспирација за уметниците низ вековите. И оваа манифестација е показ дека таа е предизвик и за поетите. И како што Господ, Кој на Синај заповеда со петтата заповед: “Почитувај го таткото свој и мајката своја“, И со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка, И кога висеше на крстот во маки се сети на Неговата мајка па покажувајќи на апостолот Јован рече: “Жено, ете ти син!“ а потоа му рече на Јован: “Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. А, Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее на таа земја во него до крајот на нејзиниот живот. Така и Јас Вам, “Ете Ви ја Мајка Богородица, творете за неа и воспевајте ја во висините на небото и со мир и љубов меѓу луѓето.“ Се надевам дека оваа единствена манастирска манифестација во која се воспева Пресвета Богородица како традиционална, ќе продолжи и догодина, претставувајќи значаен културен настан во општината Демир Хисар и во Република Македонија. Останете со здравје и Господ со вас, Господ со нас Македонците, Нашиот Господ Бог со Македонија! Амин! Манастирско поетско ехо, вчера вечер се отвори со нова светлина кон младите поети и кон сите поети кои беа од сите подрачја на Маккедонија и од дијаспората. Оваа манифестација добива се пошироки успешни рамки, со можности, да си царта свое мести во најзначајните во Македонија, а единствена со своите белези.  КРУНА НА МАНАСТИРКО ПОЕТСКО ЕХО, поздравено со бурни аплаузи.




Мајко Божја,Богородице! Ти која по патот ме водиш
и ми подаваш рака,цврсто за неа ме држиш и секогаш велиш... МОЖЕШ!
Се поклонувам длабоко пред тебе
и милост барам, со радост срце да ми исткаеш,
со среќа душа да ми налееш,со љубов патот пред менеда ми го постелеш.
Те чувствувам до мене,твојата добрина и љубов
низ животот ко сенка ме пратат.
И те молам,Мајко Божја, Богородице
Покажи ни како лошото со добрина да го вратиме.
Бидејќи,духот на завидливоста, љубомората
постојано за нешто и некого трага.
Скроти ги нашите мисли погрешни
и љубов ни дари,Божји благослов!
И дај ни вера во себе и се наоколу,
љубов ни дај и надеж за подобро утре.
Дај ни мудрост и како што вели Светото Писмо
мудрост чиста, мирољубива нелицемерна, разумна,
полна со милосрдие и добри плодови.
Бидејќи плодот на праведноста и чесноста
се сее во мир.
И ќе го набере оној кој твори мир.
Благословена биди
Мајко Божја, Богородице!
(„Песна над песните" од Дивна Љубојевиќ Јерусалимска)


Macedonian timeline

Comments