Subscribe:

Labels

Monday, August 29, 2016

ТЕСТАМЕНТ

Во чест на ГОЛЕМИОТ ЧОВЕК 
94 години од раѓањето на Димитар Такец
In honor of the GREAT MAN - Dimitar Takec
Автор: Димитар Такец
Кога ќе бидам мртов и бел
без двојби,не заминувам цел:
на бога Божјата,се' по ред,
на земјата, данок снагата,
(и сатанот нешто ќе скубне).
А вам духот ви го оставам
нека броди по Широк Сокак
и креативно ве насочува
за да станете похумани,
за да станете попољубовни.
Кога ќе бидам мртов и бел
сонцето и натаму ќе свети,
пролетта одново ќе цути,
а јужниот ветер немири ќе ткае,
на Велигден ќе кршите јајца,
летото по навика ќе жешти,
ладете се на диховскиот соп,
есента ќе зрее и дрочи,
а зимата ќе снежи и бели,
на Божиќ Ристос се роди.
Кога ќе бидам мртов и бел,

на последното целование,
не сакам цимулење и плач,
туку класичен евергрин песна,
а може"Мечтаење од Шуман",
за полесно да чекориме
со Арангел под мишка нагоре,
а вие ќе се чукнете со
Богородичната солза од
50 степени за душа.
Кога ќе бидам мртов и бел,
понекогаш спомнете си дека
вашиот сограѓанин Такец
како и вие одеше по
Широк Сокак битолски.
Да не се сопнете од неговите
Стапала длабоко вдлабнати
Во суровиот,без чувство асфалт.
Кога ќе бидам мртов и бел,
на гробот епитаф запишете:
"Таму,каде што бев јас,
ти сега среќен одиш,
овде,каде вечно е сум
ти,бездруго,ќе дојдиш"

.Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment