РОМАНОТ "EДИНСТВЕНА ЉУБЕНА" ПРОМОВИРАН ВО КРИВА ПАЛАНКА


The new novel "My only beloved" by Vane Lozanoski was promoted in Kriva Palanka on the 28 of july. Also,Vangelko Lozanoski presented the new book of poetry "Aegean sighs" by Risto Nichov.  
Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“Демир Хисар, на 28 ми јули се претстави со својата издавачка дејност во Крива Паланка, во 14 часот. Во ЛУ - Градски Музеј, каде се одржа промоција на книгите, поточно на романот „Единствена љубена“ од авторот Ване Лозаноски и „Егејски воздишки“ од Сотир Ничов. Промотор - писателката Кристина Илиевска беше задолжена за промовирањето на романот и организацијата на промоцијата. По одржаната промоција, од книгите извадоци прочитаа Моника Секулоска од Демир Хисар и млади рецитатори од Крива Паланка. Аплаузите зборуваа за успешната промоција.
 Професорката Маја Лозановска од СОУ„Крсте П. Мисирков“ – Демир Хисар лично ги поздрави активностите на Лк. „Свети Висарион“. Лозаноски со избор зборови и се заблагодари. Авторот Лозаноски додели книги од издавачката дејност на Лк „Свети Висарион“ и секако, примероци од неговиот најнов роман. Исто така, тој даде интервју за К3 Телевизија, која го снимаше промовирањето на книгата. Промоцијата беше одржана во малата сала на Градскиот музеј, која беше финансиски помогната од Општина Демир Хисар.
Благодарност кон Драган Величкоски - директор на Градски музеј во Крива Паланка. Голема благодарност исто така кон промоторот Кристина Илиевска, организатор и следбеник на промоцијата, на професорката Маја Лозаноска и посебна благодарност кон водителката на промоцијата, Ирена Стевановска и Драган Секуловски, кој лично учествуваше со својот автомобил.
Романот носи порака до сите Македонци, да ја сакаат Македонија, како родна и света земја. Професорот Лозаноски зборуваше и за книгата „Егејски воздишки“ од Сотир Ничев, за горката македонска одисеја на македонците од беломорска Македонија.
Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“ – Демир Хисар им се заблагодарува на Маја Лозаноска и Кристина Илиевска како предводници и водачи низ убавиот град Крива Паланка и манастирот „Св.Јоаким Осоговски“. Успеавме да ги видиме бисерите на градот и Етно гостилница „Воденица 3“, вгнезден во планинските венци, покрај бистрата река.




Macedonian timeline

Comments