Subscribe:

Labels

Monday, September 26, 2016

КАФЕТО НАЈПОПУЛАРЕН ПИЈАЛОК


Зборот кафе потекнува од името kaffa, регион во Етиопија, каде што е откриено кафето во 500 тата година од страна на сточарот Калди.
Во 1200 година, е пренесено и во Турција а првото кафуле Кива Хан е отворено во Истанбул 1475 година. Во 1587 Шеикот Абд-ал-Кадир пишува: "Никој не може да ја разбере вистината додека не се напие кафе со добар кајмак".
Кафето е најпопуларниот пијалок во светот. Повеќе од 400 милијарди шољи кафе се конзумираат секоја година.

Од почетокот на деветтиот век, луѓето во етиопските висорамнини правеле пијалок од мелено кафе зовриено во вода.
Кафето се одгледува во повеќе од 50 земји во Јужна Америка, Централна Америка, Азија, Африка и на Карибите.
Речиси 25 милиони фармери во светот зависат од одгледувањето на кафе.
Кафето содржи кофеин, стимуланс кој ви дава "лифт". Кофеинот е најпопуларна дрога во светот, а 90 отсто од луѓето во САД го консумираат во некоја форма секој ден.
Некои не веруваат но  темно печеното кафе има помалку кофеин од посветлото кафе.
Скандинавија може да се пофали со највисок потрошувачка по глава на жител кафе во светот. Во просек, луѓето во Финска пијат повеќе од четири шолји кафе на ден.
По нафтата, кафето е второ во светот како комодитет кој се увезува од страна на земјите во развој. Глобалната кафе индустрија заработува околу $ 60 милијарди долари годишно.
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment