РАЗГОВОР СО ГОРДАНА МИЛОШЕВСКА


"I know that in the Macedonian theater next year planned to put on stage other plays and hopefully I will still have an opportunity to act. My dream of acting want to last forever."
Гордана Милошевска пред неколку години дојде на сцена во Австралиско македонскиот театар како пролетен цвет и остана вечно да цвета, секогаш примамлива и таинствена за гледачите. Минатата година ја доби наградата Александар Македонски за најдобра придружна улога за 2015 год. за улогата на Магда во драмата „Доктор Жими Мајка“.
Разговорот со Гордана секогаш е спонтан исто како и улогата што ја игра во комедијата „Баба се мажи“ која на сцена ја поставува Австралиско македонскиот театар каде веќе има глумено во неколку драми..

Какви беа вашите почетоци, како и каде ви се врежа љубовта во театарот?


Уште како ученичка во основно и средно учествував во училишни престави и таа љубов продолжи и во Австралија само поради домашни обавези не бев во можност да продолжам со ова „кариера“. Повеќе пати се јавував во Австралиско македонскиот театар и барав некаква улога да ми се понуди но бев одбивана поради тоа што немаше потреба од глумица. Но сонот и желбата ми се оствари кога ми беше понудено да ја играм Магда во „Доктор Жими Мајка“. Со големо уживање ја прифатив бидејќи карактерот беше интересен, тоа беше за жена (стара чупа) што сонуваше да биде во брак. Ја одиграв многу реално и за тоа бев наградена. Од самиот почеток многу добро бев прифатена од колегите во Театарот и сега ќе биде многу тешко некој да ме „избрка“.

После Магда што следеше?

Ја играв улогата на Татјана во „Куферот“, млада невеста дојдена од Стари крај, соочена со траумата на населување и опстојување во новото семејство. А еве сега во хистеричната комедија „Баба се мажи“ ја играм Џеки, која се мажи за Стојан кој се жени на сон со нејзината мајка. Значи ми било „пишано“ да глумам млада невеста во сите драми, а пак која невеста не е сакана од публиката? Повеќе жени после секоја престава ми пријдуваат да ми кажат дека најповеќе уживале мене да ме гледаат – тоа ми прави посебно задоволство, а и воља да продолжам да глумам.

Која од овие улоги најповеќе ви даде предизвик и задоволоство?

Мислам дека улогата на Татјана во „Куферот“ беше голем предизвик бидејќи таа улога беше исполнета со многу емоции и не е лесно тоа да се изведе на сцена. Но секако комедиите ми прават посебно задоволство, уживам кога слушам публиката се смее и ужива она што го гледа. Посебно ми даде задоволство што зедов учество во театарската продукција „The Way” во Центарот за уметност во Бенкстеон во 2015 год., режирана од Стефо Нанцу.

Кои се вашите театарски планови после „Баба се мажи“?

Минатата година го креирав карактерот Шекира на една убава циганка која сака да танцува. Со еден скеч веќе се преставив пред публиката и многу добро бев прифатена. Ова ме поттикна и сега размислувам на нови скечеви, карактерот на Шекира повеќе да го збогатам и продолжам да се преставувам на сцена. Секако тоа ќе се стави и на Јутуб.
Знам дека во македонскиот театар за идната година се планираат да се стават на сцена други драми и се надевам дека ќе ми биде дадена можноста и попнатаму да глумам. Мојот сон за глумење сакам да ми биде вечен.

Interview with Gordana Miloshevska- actress in AMT - Sydney
Interviewer - Dushan Ristevski
Душан Ристевски

Macedonian timeline

Comments