ЗНАЧАЈНОСТА НА “ЕГЕЈСКА СОЛЗА“


Неодамна излезе од печат романот на Ванѓелко Лозаноски, “Егејска солза“ кој е промовиран во повеќе градови во Македонија а кои со голем интерес се следат како во земјата така и во дијаспората. Не постојат доволно зборови да се истакне значајната улога на Лозаноски во создавањето на историско-научни трудови, поезија, романи, организирање поетски средби, промовирање на се што е значајно за историјата и литературата. И ова дело е дел од неговото неуморна душа, жедна да ја разотвора болната вистина за децата бегалци и да укаже на значењето и примарната улога на Беломорска Македонија во нашата историја. Тоа го прави отворено и од душата, со оганот на вистината и зрелата мисла. 

Многу ме прашуваат од каде ви блеснала мислата романот да го објавите со насловот „ЕГЕЈСКА СОЛЗА“ (Низ виорите и низ огновите). Некои уште пред да го прочитаат од насловот го поистоветуваат со историските романи и дека низ романот провејуваат историски настани...Но по оние кои го имаат прочитано го поистоветуваат со најсилните љубовни-психолошки, филозовски романи, со мисловни поучни содржини...НО САКАМ ЈАВНО ДА ЗАПРАШАМ, ДАЛИ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА НЕ ГИ ИМА ЛИ СВОИТЕ ДРЕВНИ КОРЕНИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА.Се нижат настани и личности кои треперат како ѕвезди во револуционерната и културно-јазична македонска историја.АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ,СВЕТИТЕ БРАЌА КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ОСНОВАЊЕ НА ВМРО , ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, КРСТЕ МИСИРКОВ и ред низа други настани. Без Егејска Македонија нема успешен час по историја, уметност и македонски јазик...Горд сум што и моите корени се од ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА
Ако оваа книга не ги сплоти Македонците...нема да успее ни една друга книга..поврзана со Македонците и Македонија...Затоа се избегнува, како што бегаат некои од евангелието....
Неговата пасија да открие што повеќе за македонските корени го тера да истражува во секое делче од Македонија каде смета дека историјата оставила свои длабоки корени. Низ нив го  открива македонското вековно патешествие.
Како претседател и основач на “Љубители на наука литература и култура, Свети Висарион, Вангелко создаде ризница од поетски, прозни и научни трудови и дела. Посебно ги промовира и афиримира младите таленти но одржува контакти и соработка со писатели од дијаспората.. 
Се што е напишано е во сооднос на историската вистина. Токму моите книги ги гледам како отсликување на јазичната, литературната и револуционерната историја на Македонија. - Вангелко Лозаноски

Macedonian timeline

Comments