ДЕНОТ НА АВСТРАЛИЈА ВО МЕЛБУРН 2017

26 јануари е државен празник во сите републики и градови во Австралија. На овој ден се одбележува годишнината од пристигнувањето на Првата флота на британските бродови во Порт Џексон, Нов Јужен Велс во 1788 година, и подигнување на знамето на Велика Британија на австралиско тло од страна на гувернерот Артур Филип. Денес преку низа активности, манифестации, церемонии низ цела Австралија се рефлектира австралиската историја, се слави мултикултурализмот и се она што ја прави Австралија уникатна.


И оваа година во Мелбурн, Денот на Австралија се прославува на достоен начин. Главната церемонија на кревање на знамето се случи пред Melbourne Town hall со присуство на воена гарда и австралиска кралска морнарица и голем број посетители. Се одржаа говори од страна на гувернерот на Викторија, Линда Десау (Linda Dessau) и премиерот на Викторија Даниел Ендрус (Daniel Andrews), по што веднаш започна парадата по Swanston street. Срцето на Мелбурн се трансформира во море од најразновидни бои презентирајќи повеќе од 90 културни и општествени групи. Како и секоја година така и овојпат, Советот на Македонската заедница за Викторија ги претстави Македонците во златно-жолта и црвена боја, народна носија и високо кренати македонски знамиња.
























Гордана Димовска
Email: gordana.70@bigpond.com
Macedonian timeline

Comments