ОБЈАВЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ТРАДИЦИОНАЛНИОТ КОНКУРС ПРЛИЧЕВА НАГРАДА 2016

                                                                   
15 февруари 2017 
Минатиот Понеделник, Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2016 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. За сите категории на конкурсот пристигнаа 49 дела од кои се избраа следните дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди:

Најдобра поетска творба на годината за возрасни:
1- ва награда: Маѓепсан круг, шифра „Отфрлени“, од Перо Дамчевски-Коцин од Сиднеј
2- ра награда: На основачите, шифра „Глигор
3- та награда: Аватар на љубовта, од Бојана Јованова од Мелбурн

Најдобра поетска творба на годината за деца:
1-ва награда: Цвет, шифра „Рашевска“
2- ра награда: Ластовичка, шифра „Пролет од Наум Трајчески од Квинбијан
3- та награда: Родно село мое, шифра „Крив со слама“ од Гроздан Јовановски од Њукастел

Најдобар расказ на годината за возрасни:
1-ва награда: Големиот сон на платно, шифра „Денови“, од Гордана Димовска од Мелбурн
2-ра награда: Писмо, шифра „Писмо“ од Љубица Поповска од Мелбурн
3-та награда: Живот во безизвесност, шифра „Верба“ од Марија Александрова од Сиднеј

Најдобар расказ на годината за деца:
1-ва награда: Враќање, шифра „Денови“, од Гордана Димовска од Мелбурн
2-ра награда: Подарок, шифра „Подарок“ од Љубица Поповска од Мелбурн
3-та награда: Туѓи пари не брои, шифра „Пари“ од Наум Трајчески од Квинбијан
Од Извршниот одбор на
Литературното друштво „Григор Прличев“
Macedonian Literary Association “Grigor Prlichev”
P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216
ABN: 64751353521                                                                                                           
INC: 9885424

Најдобра поетска творба на годината за возрасни:

 MАЃЕПСАН КРУГ

Заминат
во свет
друг
малку подруг
помалку наш
повеќе туѓ
не по мерак наш
туку
по
на некој
друг

Чувствуваш
си некако
сам и клет
против себе
мислиш
e целиот свет

Времето
како вода
тече
носталгија
силно
дома
ми те влече
а во душа 
нешто
jако
силно
пече...

И дома
веќе не си оној
помалку
си некако туѓ
така еден мој
неодамна
ми рече
душа како со нож
ми  пресече...

Шифра ,,Отфрлени,,

Автор: Перо Дамчевски - Коцин
Најдобра поетска творба на годината за деца:

ЦВЕТ

Јас и Мира денес
цвеќенце насадивме,
во земја го закопавме
па го навадивме.

Дојде пролет сонце бликна
ново цвеќе до него никна.

Дојде и облаче
сонце се намурти
цветче се затвори.

И дождот стигна
и есента на зимата и намигна
цвеќенце се затвори
стебленце се разголи.

Не се плаши цвеќенце
баба Лена ќе помогне,
ќе сплети едно џемперче
да те штити од ветренце.

Ти си умно знам
со природен дар
и на пролет пак
ќе пуштиш нови коренчиња,
баба Лена ќе те пресади
во нова саксија.


Шифра: „Рашевска“

Macedonian timeline

Comments