Subscribe:

Labels

Sunday, March 19, 2017

СЛИКАЊЕТО Е ОДРАЗ НА МОЈАТА ДУША

ТАЛЕНТИ
Многу луѓе во сликањето гледаат простор каде си ја отвораат својата душа, распослуваат своите чувства, копнежи и надежи во разни бои. Сликањето е како тивка поезија без зборови каде боите ти раскажуваат приказни и воведуваат во нов свет. Кај некои тоа е природно и се јавува склоност кон сликањето уште од рана возраст додека некои воопшто немаат талент за сликање, но се инспирирани од некои настани во животот, учат да сликаат за преку сликањето ги пренесуваат чувствата на платно.


Еве што изјавува младиот сликар Игор Русевски од Битола, Македонија чиј талент и љубов кон цртањето и сликањето се јавува од најрани години и е одраз на неговата душа. 
Мојата љубов кон цртањето и сликањето започна уште во детството кога се покажа дека имам талент  кој треба да се усовршува. Најголема инспирација за цртање ми претставува природата и тоа онаа природа недопрена од човекот.тоа ме исполнува и ме прави задоволен од самиот себе, и начин да ја изразам мојата душа на платно.

Се надевам дека и на другите лјуге им представува задоволство и им внесува цувство да пријатност кога ке погледнат во слика сто представува несто конкретно а не апстрактно/

Немам нисто против апстрактно но пвеке ми лежи природата“

Еве избор од неговите слики:






No comments:

Post a Comment