Subscribe:

Labels

Monday, March 20, 2017

СЕКОГАШ СО НАДЕЖ

Во тивкото предвечерие
И одот ти забавил
 мислите како олово тешки
ја исполниле твојата глава.
Продолжи да одиш, да чекориш смело
И ѕвездите горе, твоите другарки во ноќта
Го следат твојот чекор и прават патека
која ти замислена не ја ни гледаш
се бориш самата со себе
мракот кој те опфатил и те мачи.

Не ја угушувај радоста затоа што некој те ранил
надежта е тука, тлее но силно ќе се разгори
и ти ќе ја оствариш големата желба
мрачните мисли се само мисли
избриши ги, отвори нови хоризонити
поведи ги сите на твојот нов пат
во доброто и злото умира,
љубовта победува.
Љубовта е твоја водилка
И те следи како ѕвездите, твоите другарки.
Не запирај во тивкото предвечерие
Запиши страница нова
Отвори го твоето срце широко како море
Не дозволи никој да ја одземе совршената
Доблест и убавина, жено македонска.
There is always hope - Author: Gordana Dimovska
Секогаш со надеж - Автор: Гордана Димовска

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment