ЕГЕЈКА

Автор: Ванѓелко Лозаноски
Бисерите
На солзите се уште
Ги длабат, резбаат твите виорни
Беспатија и патеки...
Чекориш напред во
Непознати предели,
Делејќи се со болка и солзи
од сончевиот Егеј.
Остануваат
Во вечен немир
Како дал
од морските
Роднокрајни предели
Извираат во најрасцветаните бајки

Розовите сонови и приказни
Ти чекориш исправено,
Горостасно!
со твоите развиорени коси
виорат егејските гори
од твоите сјајни очи
брануваат беломорските води.
Од усните извира
македонската елегија,
втакаена со нишките на јуначките
и илинденски песни.
Со погледот и мислите
од Пиринските височини
слетуваш крај Вардар
долетуваш во
Света Гора,
Со светлината на ореолот
на Света Богородица
ја прегрнуваш
Македонија.

Macedonian timeline

Comments