ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ НА МАЈКАТА


Прослава на Денот на мајката
Пензионерското Друштво Беранци од Мелбурн го одржа свечаниот ручек по повод Денот на мајката(Mother's Day). Претседателот на Друштвото Симон Петровски ја отвори свечаноста со поздравен говор до сите мајки.На најстарата мајка Секлеска Стефка и се подари цвеќе.Исто така и Боб Велински ги поздрави мајките со топол прекрасен говор.Поетесата Љубица Поповска прочита неколку песни посветени на мајката,а Славе и Цеба Макаловски честеа и го прославуваа 70-тиот роденден на Цеба заедно со сите пензионери.
Пензионерката Марика Стамкоска замоли да изрецитира своја песна за мајката.Сите не' трогна нејзината песна во акростих за мајка Македонија.Еве ја песната и прeсудете сами.


МАКЕДОНИЈА
Мајко милостива во битки родена
Алова од крвта невина пролеана
Килибар сјај ја краси твојата убост
Еделевска е нежна твојата душа
Добродет ја краси славата стара
Озарена си секогаш во лазур син
Нежна си секогаш ко леб насушен во години гладни
Имаш ли уште мелем во градите стари
Јас милост барам за болките мои
А во гроб во пазувите твои.
Веселбата продолжи со прекрасни македонски ора и песни.






Ljubica Popovska

Macedonian timeline

Comments