Sunday, May 28, 2017

ВРАЌАЊЕ

Се приближуваше крајот на училишниот одмор во Викторија. Децата се подготвуваа за почеток на новата училишна година. Некои го очекуваа со возбуда и радост, други со разочарување. Кате и Петар само што дојдоа од Македонија а требаше да почнат во ново училиште, во нова земја. Тие беа возбудени но и со малку страв за тоа како ќе се снајдат во новата средина.
Нивните родители Стевче и Менка ги охрабруваа дека се ќе биде во ред, само ќе земе време дури да го совладаат англискиот јазик.

Кате секој ден и досадуваше на тетка и Маре која беше родена во Австралија, да ја учи  англиски. Беше вредна и брзо запамтуваше нови зборови. Покрај неа и Петар се придружуваше а тој уште побрзо научи да чита на англиски. Тој често ја задеваше својата сестра дека е подобар од нејзе но дека исто така побрзо чита и на Македонски од неа. На тоа Кате брзо му одвраќаше: -  Е ајде да те видам помножи 9 со 9? Ааааа гледаш дека не можеш! Тапа си по математика. А јас секогаш добивав најдобра оценка во училиштето дури живеевме во Битола. Но ајде ќе видиме кој ќе ја добие највисоката оценка во овдешното училиште. Само што не сме почнале. И кој ќе добие највисока оценка, тој ќе добие нова игра од мама и тато...Што велиш на тоа? - рече Кате.
-              Е верувај дека јас ќе бидат тоа, и врати Петар и почнаа да се смее.
Другиот ден станаа рано, се облекоја во училишната униформа која беше црвена со црно. Нивните родители ги зедоја за рака и пешки се упатија до новото училиште за првпат.
Им одзеде 10 минути пешачење и тоа ги радуваше многу што најдоа куќа блиску до училиштето. Кога стигнаа таму, беше вистински метеж во сообраќајот. Многу родители кои живееја подалеку, мораше да доаѓаат со коли и да бараат паркинг во близина.  За безбедно да поминат децата преку улица, стоеше жена облечена во бело и со знак Стоп. Таа беше задолжена да ги запира колите кога требаше да преминат децата преку улица за в училиште.
Ете тоа беше нешто ново за фамилијата Стојановски. Влегоја сите заедно во спортската сала каде требаше сите ученици да се соберат. Така им почнуваше првиот час. Децата испоседнаа на паркетот и слушаа како ги поздравува директорката на училиштето. Набрзо се пушти и химната. Е не беше македонската. Во тој момент се забележаа солзи во очите на Стевче и Менка. Кате тоа го забележа и тивко ја праша мајка си: -  “Мамо зошто плачеш?“
-              Ах, не е ништо тоа Кате, не грижи се. Ете се расплакав од среќа што почнуваш на училиште.
Откако заврши церемонијата, Кате и Петар влегоа во својата училница а нивните родители се упатија дома. Менка се уште плачеше. Стевче ја запраша: - “Што ти е“?
-              Не сакав да и кажам на Кате зошто плачам но тебе ќе ти кажам. Ме фати голема тага кога наместо македонската слушав туѓа химна. Моите деца ќе учат под знамето на Австралија...Колку ли ќе се отуѓеме од родниот крај? Ќе го заборават ли македонскиот јазик? Ете тоа ме плаши.
-              „Ќе видиме како ќе биде, ако и на децата не им се допадне овде, ќе се вратиме назад“ – одговори Стевче, можеби повеќе да ја утеши и смири.
***

Изминаа пет години од доселувањето на фамилијата Стојановски во Мелбурн. Кате и Петар добро напредуваа во училиштето но им недостигаа другарчињата од Македонија. За нивните родители беше уште потешко, посебно за Менка. Така тие одлучија да се вратат повторно во Македонија и да бидат со своите најблиски, да живеат под македонското знаме и да ја слушаат македонската химна.

Добитник на Прличева награда, Расказ на годината за 2016 година
при литературниот конкурс распишан од Литературното друштво “Григор Прличев“, Сиднеј
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...