Subscribe:

Labels

Saturday, June 3, 2017

МАКЕДОНСКИ ЗАВЕТ



Автор: Наум Трајчески
Македонијо, раскрсницо на Балканот
стоиш со очи свртени кон небото,
со уши отворени длабоко,
како да чекаш нешто?
да, чекам, и се уште чекам,
да бидам она што сум.

Независна, суверена, самостојна.
на Балканот сум родена,
не може никој да ме оттуѓува
ндозволувам повеќе да ме распарчуваат,
не сакам никој да ме прекрстува
ќе бидам она што сум - МАКЕДОНИЈА.

Нека се чуе од Скопје до Солун,
од Солун до Пирин,
од Пирин до Шара:
“Македонско име нема да загине!“


Aвтор:Наум Трајчески - Претседател на Литературното друштво - библиотека “Ванчо Николески" од Квинбијан

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment