Subscribe:

Labels

Thursday, June 15, 2017

СТЕВЧЕ ОВЧАРЧЕ

Автор: Стеван Ацески

Со кавал меден
И ранец полн
Од утро до вечер
Тоа е и неговиот сон
По ливади росни
И стрништа посни
По родот ги брои
По име ги строи
Калешка – Шарка

Рогушка и Чулка
А овенот гордо
Секогаш до него стои
Шарпланинецот Мурго
Замислен стои
Ни од волкот тоj ич не се бои.

Стеван Ацески
15.3.2015

Мелбурн

Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment